Заев: Му кажав на Груевски дека знам за сите нерегуларности за изборите во 2014. година

514 прегледи

Премиерот, Зоран Заев пристигна во Кривичниот суд, каде денес е во улога на сведок во случајот Титаник.

Имено, Заев во судницата посочи дека единствените договори кои тој ги направил со Никола Груевски, биле околу измените на Изборниот закониј.

Во таа насока, според Заев доколку се усогласеле тогашните барања, опозицијата би имала своевремено гаранција за фер изборен процес. Исто така, Заев тогаш му кажал на Груевски дека знае за сите нерегуларности во рамки на изборите од 2014. година.

Тој сподели дека во изборните нерегуларности што ги вршела тогашната партија на власт биле спроведувачи и инспекциските служби.

-Државниот пазарен инспекторат, Трудовиот инспекторат, УЈП вршеа притисоци врз правните субјекти дека ќе бидат казнувани ако сопствениците на фирмите и поголем дел од вработените не гласаат за владејачката партија“, посочи Заев, додавајќи дека била вмешана и Финансовата полиција.

Заев исто така посочи и дека покрај сознанијата за изборни злоупотреби, решиле да ги признаат резултатите од предвремените парламентарни и претседателски избори, со цел да не дојде до уставна криза, а ова му го соопштил и на опонентот Груевски.

Слични содржини