Заев на дебата организирана од Атлантскиот совет на тема „С.Македонија на прагот на ЕУ“

252 прегледи

Претседателот на Владата, Зоран Заев денес ќе земе учество во дебата организирана од страна на Атлантскиот совет.

Имено, истата ќе биде модерирана од Лорд Џорџ Робертсон, кој е поранешен генерален секретар на НАТО, како и Дејмон Вилсон, извршен потпретседател на Атлантскиот совет.

Според информациите на Владата, дебатата ќе биде на тема „Северна Македонија на прагот на Европа“, на која ќе се разговара и за темите врзани за приоритетите во битката против Ковид, како и прогресот и реформите во однос на приклонување кон Европската Унија.

Слични содржини