Заев на средба со евроамбасадорите: Македонија ги заврши домашните задачи, подготвена е да ги започне преговорите

од Берта Китинска
148 прегледи

Вчера доцна попладнето претседателот на Владата на Северна Македонија Зоран Заев во просториите на Владата на Република Северна Македонија беше домаќин на редовниот годишен состанок на шефовите на дипломатските мисии на земјите членки на ЕУ во нашата земја на која премиерот Зоран Заев размени мислења со амбасадорите за актуелните и најважни активности во Северна Македонија со посебен акцент на процесот за интеграција на земјата во Европската Унија.

Премиерот Заев, пред амбасадорите на земјите членки на ЕУ кои беа предводени од шефот на делегацијата на ЕУ во Скопје Дејвид Гир, разговараше за постоечкиот континуитет кој оваа Влада го одржува во делот на реформските процеси, во делот на правосудството, борбата против корупцијата како и реформите во јавната администрација. Дополнително беше разговарано за пописот како клучна статистичка операција која недостасуваше изминативе 20 години и која е клучна за понатамошното развивање на државата на секој план.

Премиерот Заев истакна дека очекува до крајот на словенечкото претседателство да се постигне напредок во евроинтеграцијата на државата.

„Северна Македонија ги заврши своите домашни задачи и е целосно подготвена да ги започне преговорите со Европската Унија”, додаде Заев.