Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска се сретна со амбасадорот на Р.Словачка во Р.Македонија, Мартин Безак.
![]()
Претседателот Заев го информираше словачкиот амбасадор за очекувањата на СДСМ околу идните политички процеси кои треба да придонесат кон демокртатизација и нормализација на земјата согласно изразената мнозинска волја на граѓаните за промени.
„Македонија е исправена пред сериозната обврска за спроведување на реформските приоритети кои произлегуваат од извештаите на Прибе и Европската Комисија, а кои ќе придонесат кон враќање на демократските процеси во државата. Оваа сериозна обврска може да ја спроведе само нова и одговорна Влада формирана според изразената мнозинска волја на граѓаните за промени. Затоа очекуваме дека на 29 јануари Никола Груевски ќе го врати мандатот и дека СДСМ ќе биде партијата која ќе формира Влада којашто ќе работи во интерес на сите граѓани на Р.Македонија“ рече претседателот Заев.
Претседателот Заев истакна дека поддршката што пријателска Словачка и другите земји поддржувачи на Македонија несебично и ја даваат е важна и за натамошниот напредок на земјата.