Во рамки на Тиранскиот форум, македонскиот премиер, Зоран Заев посочи кои се активностите на актуелната Влада, но и повтори пред регионалните колеги, дека нема да се разговара за она што не смее, односно идентитетот и јазикот на С.Македонија.
„Исправени сме пред планетарна криза која ги менува тековите на мултератералните процеси. Во вакви моменти, кога дневната политика ги поткопува секојдневните односи се поставува прашањето што ако пред 70 години погледот беше свртен кон разорнатиот континент, а не кон иднината која денес ја живееме? С.Македонија беше првата земја во регионот која го потпиша договорот за стабилизација во 2001. година, само 4 години подоцна станавме земја кандидат за членство во ЕУ, а во 2009. година, ја добивме поканата од Унијата“, истакна Заев и додаде:
„На мене е да работам во интерес на граѓаните и за посветла иднина на мојата земја. Затоа четири години ги отворивме најгорливите прашања со нашите соседи и истите ги завршивме со добро утврдени добрососедски односи. Мојата земја била ќе биде и е, раскрсница на многу народи и етникуми. За жак, овој мал еко систем е ранлив, бидејќи не може да се живее со идеја. Потребна е одлучност и стабилност и отсечни активности. Ние никогаш нема да си дозволиме да разговараме, за нешто што не може да се разговара, односно за тоа кои сме и каква е нашата генеза на идентитет и јазик“.
Во однос нап политиките на Западен Балкан, Заев посочи дека С.Македонија веќе ја изготви Агендата „Европа дома“, а со истата се реализираат сите препораки од меѓународните извештаи и организации. Вели и дека остануваме отворени, но нема да дозволиме некој да го собори нашиот капацитет.