Заев најави легализација и декриминализација на марихуаната на туристичките места

437 прегледи

Македонскиот премиер Зоран Заев во интервју за Дојче Веле посочи дека планот за декриминализација и легализација на марихуаната е дел од поширокиот економски пакет, чија цел е да се стимулира домашната економија.

„Идејата е да се даде можност во туристичките места, вклучително и Скопје, кафулињата, постојни и нови, со почитување одредени стандарди – вентилација, доказ за потекло на марихуаната и сл., да се овозможи консумација на марихуана внатре во нив“,истакна Заев.

Премиерот додаде и дека ќе бидат исти стандардите за сите и секој да може да аплицира.

„Верувам за мала земја, тоа може да донесе сериозен развој за угостителството и туризмот, имајќи ги посебно предвид нашите прекрасни туристички места: Струга, Охрид, Ресен, Дојран, Скопје, Берово, Маврово и сите други места“, додаде тој.

Инаку во најавениот проект покрај легализација и декриминализација на марихуаната, влегува и проектот за легализација на возила со странски таблички, легализација на готови пари и имоти, продажба на земјоделско земјиште и новиот закон за данок на имот.

Слични содржини