Лидерот на СДСМ Зоран Заев на синоќешниот митинг на Коалицијата за живот предводена од СДСМ меѓу другото вети дека вистината во Македонија нема да остане скриена.
Ветувам дека не можеме да бидеме земја ако не знаеме кој ги уби Никола Младенов, Мартин Нешковски и четирите деца кај Смилковско Езеро. Да биде откриена вистината за Диво насеље. Секоја земја има обврска се да се открие и да има правна разврска. Никогаш веќе без правда во Мекедонија – рече Заев.