Заев најавува лидерска средба, Мицкоски нема да учествува ако ја организира Пендаровски

од Берта Китинска
242 прегледи

Премиерот Зоран Заев најави одржување на лидерска средба до крајот на годинава, тој очекува средба да свика претседателот Стево Пендарпвски, но ако ако шефот на државата не закаже лидерска, тоа ќе го направи тој.

-Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски го повика претседателот на државата да свика лидерска средба, но, не сум во тек што се случува. Доколку не се свика таква лидерска средба, јас би го контактирал денеска-утре претседателот на државата за една таква намера, доколку не, веројатно јас до крајот на годината ќе свикам лидерска средба и заради евроинтеграциите, но и заради справување со ковид-кризата и за сите груги сфери на интерс за граѓаните за кои би можеле да дискутираме на средбата, рече Заев одговарајќи на новинарско прашање во рамки на отчетот за сработеното на Владата о првите 100 дена.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција ја реактуелизира потребата од итно одржување лидерска.

– Не ја гледам улогата на Стево Пендаровски во оваа лидерска средба. Стево Пендаровски не е лидер на политичка партија. Ако е потребна поддршката на политичкиите партии, ние политичките партии да разаговараме за нешто, тогаш се знае треба да седнат политичките партии и да разговараат. Се знае кој е тој кој треба да ја свика таа лидерска средба. Ние неколку пати досега ја побаравме таа лидерска средба. Ако цени дека треба да седнат политичарите да разговаат на таа лидерска средба, стојам на располгагање. Но, на еден формат кој би бил организиран од Стево Пенадровски, нема да учествувам на ткава средба зашто не ја гледам улогата Стево Пенадровски на една таква лидерска средба, изјави Мицкоски, додавајќи дека ќе учествува на лидерска ако иницијативата доаѓа од Владата.

Двајцата се согласни дека на средбата треба да стане збор за корона кризата, евроинтеграциите и другите прашања кои се од интерес на граѓаните.

 

 

Слични содржини