Заев најавува итен пресс во Парламентот!

од Vladimir Zorba
101 прегледи

Ве известуваме дека денеска во 14:00 часот, во Прес центарот на Собранието на Р.Македонија ќе се одржи прес конференција на којашто ќе се обрати Зоран Заев, претеседател на СДСМ и пратеник во Собранието на Р.М., соопштуваат од СДСМ.

Претходно од собраниската говорница Заев порача дека ќе  има избор на претседател сеедно дали во парламентот, во МАНУ , во ходник или на скали- нема врќање назад порача Заев.

Претседател ќе се избере овде во Парламент или на друго место!

Заврши времето кога можевте да го кршите Уставот и деловникот и законот а тоа да го продавате како патриотизам, дајте да се гласа  за претседател  да  се прекине оваа цело месечна блокада и да заврши конститутивната седница, побара лидерот на опозицијата Зоран Заев од парламентарната говорница

Овде постои декларирано мнозинство тоа нема да ви го дозволи да  ја блокирате работата на седницата.

Парламентарното мнозинство мора да избере претседател порача пратеникот и лидер на опозицијата Зоран Заев.

Ќе носиме одлуки дали тука дали во ходникот, дали во МАНУ, на Факултет, не смеете да ја злоупотребувате позицијата на претседавач му порача Заев на претседавачот Трајко Вељановски , мора да се заврши конститутиивната седица на Собраните. Мора да му дозволите на парламентарното мнозинство да гласа и да ја продложите седницата и по 18 часот.

Можете и да станете од тоа столче и да му дозволите на најстариот пратеник да ја заврши седницата, беше пораката.

Дозоволете да заврши седницата да може Македонија да оди напред.

Нема отстпаки парламентарното мнозинсто има обврска кон граѓаните на Македонија, порача Зоран Заев од парламентарната говорница.

 

Лидерот на опозицијата Зоран Заев најави дека на пресот ќе ги даде сите одговори и определбата дека оваа лакрдија со конститутивната седница ќе  ја заврши.