Заев не ги воскресна националистите во Бугарија, порача пратеничката Георгиевска

од Nikola Popovski

Пратеничката од СДСМ, Марија Георгиевска го демантира пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, со кого заедно гостуваа во емисијата „Само вистина“.

-Не сте во право дека со изјава поранешниот премиер и претседател на СДСМ, Зоран Заев ги воскреснал националистите во Бугарија. Не треба да забориме дека она што Бугарија во однос на Македонија уште од Втората светска војна, Бугарија отсекогаш имала проблем околу признавањето на Македонците и Македонија. Ова се случува бидејќи работите се поместија во одреден правец, затоа што националистичките духови во Бугарија, како и кај нас, видоа дека Македонија оди по патот на ЕУ и сакаат да го искомплицираат истото, рече Георгиевска.

Осврнувајќи се на работата на Собранието, Георгиевска порача дека ВМРО-ДПМНЕ блокира законски измени и со тоа нанесува штета на граѓаните.

-Како ВМРО-ДПМНЕ проценува кои закони се штетни за граѓаните? Ексклузивно право си дава ВМРО-ДПМНЕ да оценува дали некое законско решение дали е во интерес на граѓаните, а сите закони се за граѓаните и нивните интереси, посочи Георгиевска.

Георгиевска истакна дека ВМРО-ДПМНЕ свесно сака да предизвикува кризи во државата, затоа што во таа партија се исплашени од правдата.

Слични содржини