Разговорите за реконструкција на владата се во тек, но премиерот Зоран Заев, вели да почекаме да почне мај, па да се откријат детали.

Тој, по денешното судење за „Поткуп“ рече дека штом има нешто конкретно ќе ѝ го соопшти на јавноста.
Според него, во преговорите станува збор и за зацврстување на парламентарното мнозинство и затоа е најдобро да се почека. Се водат разговори со помалите партнери, со оние кои виби сакале да влезат во власта. Сеако, вели Заев, се работи за смена на министри-, заменици министри, државни секретари, директори, па неблагодарно е да се прејудицира со се уште ндонесени одлуки, а потоа да испадне дека не било така.
Премиерот вели дека сака да види со кој е задоволен од неговата работа, дали се сменило нешто од тоа што било лошо претходно, па да се донесе одлука за смена.