Заев: Не може со тројца сведоци да се издава државјанство, тројца сведоци бараат пред матично, а не тука

395 прегледи

Премиерот, Зоран Заев во рамки на својата посета на „Ист Гејт Мол“, на новинарско прашање се осврна и на Законот за државјанство и предлогот истото да се издава со присуство на само тројца сведоци.

„Неколкупати повторувам дека давам поддршка да се издадат државјанства на оние граѓани кои ги немаат, но тоа мора да биде согласно меѓународното право и европската пракса, односно да има доказ. Не можете со тројца сведоци да издавате државјанство, тоа го нема никаде во светот. Тоа значи дека сите други отворени прашања и проблеми ќе ги решаваме со тројца сведоци во закон. Не може во овој случај, со тројца сведоци е пропишано пред матичар. Не може тогаш да се вметнат и во закони со економска природа, за инвестициите. Зошто тогаш е потребно геометриски извод, имотен лист и историјат, со цел да се добие дозвола за градба. Ако е со тројца сведоци, тогаш јас, Бочварски и Бектеши ќе потврдиме дека земјиштето е во сопственост на Битиќи. Исто така, ако имаме мајка која нема државјанство, а чии деца поседуваат сведетелство за завршено образование тука, тоа е голем доказ дека на таа жена треба да и се издаде државјанство“, истакна Заев во своето објаснување.

Слични содржини