Останувам на ставот дека нема да дозволам политизирање на несреќата. Политичарите нема да го толкуваме извештајот. Откриена е причината, и таа е јасна. Веднаш дадов насока до министереството да се засилат контролите до сите модуларни болници. Сега треба контроли за да не се повтори вакво нешто и на друго место, кажа денеска премиерот Зоран Заев кој извести дека не ги прифатил оставките на министерот за здравство Венко Филипче и заменик-министерот Илир Хасани, поради пожарот во тетовската ковид болница каде загинаа 14 лица.
-Се случи трагедија и нема бегање. Болката и тагата е присутна кај сите граѓани. Наша должност како политичари да не им ја правиме трагичната загуба на семејствата уште потрагична. И да обезбедиме здравствена заштита за сите граѓани. На сите им треба систем кој ќе ги заштити во време на пандемија. Затоа треба да гледаме подалеку од денес, подалеку од утре.