Заев нема да се кандидира за претседател на С. Македонија и демантира обид за пуч во СДСМ

од Nikola Popovski
199 прегледи

Поранешниот премиер и поранешен лидер на СДСМ, Зоран Заев се огласи на социјалните мрежи откако во претходните денови беше спомнато неговото име во врска со наводен пуч во владеачката партија или со евентуална кандидатура за претседател на државата, со заедничка подршка на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

-Во повеќе наврати изминатиот период кажав дека немам политички амбиции и би сакал уште еднаш да ги демантирам ваквите инсинуации за мое повторно политичко ангажирање. Јас нема да поднесам ниту ќе прифатам кандидатура за Претседател на државата. Како претседател на СДСМ ја обединив партијата. А, обединетиот СДСМ заедно со граѓаните урна режим и тоа баш кога тој режим беше најсилен и најразулавен. Јас никогаш нема ниту да помислам да го делам СДСМ, ниту да правам некаков си измислен пуч во СДСМ или било што слично. Доказ за тоа е моето осум и пол годишно раководење со партијата како и државните и изборните победи што ги освојуваше обединетиот и сплотен Социјалдемократски сојуз на Македонија, заедно со силното граѓанско општество, порача Заев во својата објава.

Тој се осврна и на противниците, како што вели, на се што работевме и на се што постигнавме.

-Некои беа против само поради тоа што тие во нивното време не успеале да го направат она што ние за четири години го постигнавме заедно со народот. Меѓу нив беше и поранешниот премиер и бегалец од правдата Груевски ама и други кои од исти или слични причини едноставно не сакаа да се случат македонските успеси. Некои заради тоа што суетата им е преголема (Геровски ќе се препознае овде веројатно 😁). Трети, пак, беа против затоа што имаат потреба постиојано да негодуваат, да мразат и мрчат, оние на кои ништо не им се погодува (тоа се луѓе како шкорпиите од приказната за шкорпијата и жабата 😁). Четврта група беа тие што не можат едноставно да простат успех на друг, оти нели во Македонија може се да ти простат ама успех не ти се простува, истакна меѓу другото поранешниот претседател на Владата.

Слични содржини