На денешната владина прес конференција посветена на 100 дена Влада, премиерот Зоран Заев одговори на новинарско прашање врзано за владините функционери, односно дали со законски измени тие ќе објават дали и колку државјанства поседуваат.
„Во моментот Владата нема планирано законски измени за избраните и именуваните функционери пред стапувањето на функција задолжително да соопштат дали имаат повеќе од едно државјанство, но вредно е за размислување.
Дали имаме, немаме, ќе размислиме, ќе разгледаме, секоја иницијатива е вредна, а ние сме Влада што внимателно слуша, така што во моментот немаме, но во иднина сакам да ги слушнам сите аргументации. Ќе ги разгледаме и меѓународните пракси, европските тенденции и пракси какви се, сето тоа што народот и новинарите го предлагаат е вредно за разгледување“, одговори Заев.