За лидерот на СДСМ, Зоран Заев е неприфатлив предлогот на премиерот Никола Груевски дијаспората да избира 20 партеници.
– Еднаквото право на глас односно еднаквата вредност на гласот е едната опција која што е понудена. Ако имаме 8.200 гласачи за пратеник во Европа, ќе има еден пратеник, ако тоа се случи во Австралија и Америка, ќе има и таму пратеник. Но, нема да дозволиме да се бира пратеник со 800 или 500 гласови, кога во Македонија за еден пратеник потребни се 7.800 до 8.500 гласови. Или на крајот целиот гласачки материјал од дијаспората да се донесе во Македонија – изјави Заев.
Заев очекува да биде запазен и рокот за преговорите и за регулација на медиумите.
– Очекувам дека до средината на ноември граѓаните да ги препознаат првите реформи, пред се во МРТВ, но и во сите други телевизии со национална концесија, посебно алудирам на оние кои што се перјаници на власта и буквално го преокупираат целиот наш народ со полтики кои што се погрди дури и од штабот на нашиот политички противник – рече Заев.
