303
Денеска се навршуваат 16 години од трагичната смрт на миротворецот Борис Трајковски, еден од потписниците на Охридскиот Рамковен договор во 2001. „Блажени се тие што градат мир…“ е дел од библиската порака од неговиот надгробен споменик која е аманет за сите политичари, напиша лидерот на СДСМ, Зоран Заев на својот профил на Фејсбук.
Претседателот Борис Трајковски вечно ќе остане запаметен како чесен и доблесен, проевропски политичар, посветен на сите граѓани и на поголема регионална и меѓународна соработка на нашата држава.Ние продолжуваме да го следиме неговиот пример, градејќи мир, едно општество и соработка со сите наши соседи, пишува Заев.
https://www.facebook.com/zaevzoran/photos/a.10152031170622932/10158333492137932/?type=3&theater