Премиерот Зоран Заев, на денешната прес-конференција при увидот во градежните активности на ул. Орце Николов во Општина Центар, одговарајќи на новинарско прашање околу блокадата од страна на Бугарија истакна дека за македонскиот идентитет и македонскиот јазик не се преговара
– Дефинитвно главната порака е токму ова, за македонскиот идентитет и јазик не се преговара. Ова го потврдија речиси сите претставници на Европската Унија. Ние сме единствена земја која толку долго чекала за почеток на преговори, 16 години сме во чекалната на ЕУ, како земја кандидат, истакна премиерот Заев.
Тој испрати порака и апел до соседна Република Бугарија дека време е да покажат европски манири и да ја тргнат блокада за земјава и додаде дека е редот е на Европа да покаже дека навистина сака европеизација на Западен Балкан.