277
Премиерот Зоран Заев очекува локалните избори во октомври да се спроведат успешно со употреба на апарати за скенирање на отисок од прстот.
„ Се надевам дека за локалните ќе имаме избори со фингерпринт. Последната дилема во врска со ваквиот начин на спроведување на изборите се однесува на ридско-планински места или ако е слаб интернетот и не може да се користи базата, дали гласањето ќе се повтори или ќе се овозможи гласање на стариот начин. Таа дилема треба да ја разрешат работните групи. За нас е прифатливо како ќе одлучат сите, со конечна цел да имаме договор со сите. Се надевам дека во октомври месец ќе имаме успешни локални избори со фингерпринт “, рече Заев.