Заев: Очекуваме нарачките за вакцините да стигнат преку МНР на Кина и Кинеската амбасада

од Берта Китинска
337 прегледи

Во овој период правиме напори да набавиме вакцина по сите можни канали како што очекуваат граѓаните за час поскоро да ги имаат. После две недели на чекање на активности на кинеската амбасада ние директно преку Синофарм не можевме да добиеме контакт и дадовме нарачки преку приватни компании кои што Министерството за надворешни работи не ги потврди и затоа и авансот беше повлечен, рече премиерот Зоран Заев.

– Сега очекуваме нарачките да стигнат преку МНР на Кина и Кинеската амбасада. Нарачките што сме ги правеле према Кина се со потврда и писма на Синофарм, донесени се сите неопходни одлуки и се очекува да стигнат 200.000 нарачки од кинеската вакцина, рече Заев.

Во однос на објавата на Ла Верита која излезе утрово премиерот Зоран Заев негираше било какви незаконски дејствувања за набавка на вакцините.

-Не сум прочитал, ми кажаа сабајле во извештајот на медиумите дека има нешто објавено на Ла Верита, дека Владата правела нарачки преку приватни компании. Да, сме правеле нарачки, ни помогна PowerChina која е мајка на фирмата која ги гради патиштата во Македонија. PowerChina e еден од кандидатите за Чебрен, голема компанија, државна сопственост на Кина и од таму се обидувавме покрај амбасадата, се обидувавме преку контактите што ги имаме овде, рече Заев.

Слични содржини