Заев од Брдо-Крањ: Благодарам на Меркел и на Макрон, кои посветија значајно време за изнаоѓање решение

од Берта Китинска
317 прегледи

Сакам да ја искористам оваа прилика и да се заблагодарам на Словенија и на премиерот Јанша за нивната посветеност и на квалитетното време за добро на целиот Западен Балкан и за процесот на проширување и верувам дека до крајот на нивниот мандат, до крајот на годината ќе останат посветени, кажа премиерот Зоран Заев денеска при работната посета на Словенија, по повод Самитот на ЕУ за Западен Балкан што се одржува во Брдо-Крањ.

„Посебна благодарност до канцеларката Меркел и до претседателот Макрон коишто посветија исто така значајно време да разговараат со мене и со претседателот Радев за изнаоѓање решенија.Секако благодарност и до претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, до претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, до потпретседателот на Европската комисија Борел и до еврокомесарот Вархеји.Сакам да се заблагодарам и за поддршката од средбите со премиерката на Естонија Калас, и со премиерот на Ирска Мартин. Имавме одлични состаноци, разговаравме за билатералните соработки и имаме уште многу што да направиме во таа насока, но сме благодарни и за нивната директна поддршка за интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ“, кажа Заев.

Слични содржини