Заев: Од државата се крадат 400 милиони евра годишно, подготвени сме за избори

од desk3
107 прегледи

Од државата се крадат 400 милиони евра годишно. Само ова да остане во Македонија, ќе може да се искористи и за враќање на кредитите, но и за развој, вели претседателот на СДСМ Зоран Заев, во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Господине Заев, пред изборите во 2006 година, имавме интервју со тогашниот опозиционер Никола Груевски. Во тоа интервју, тој тогаш ја објави неговата изборна програма, победи на изборите и од тогаш не ни даде интервју. Каде е вашата програма за која велите дека ја имате цела година?

Програмата на СДСМ ја донесовме на конгресот во декември 2015 година, 224 страници, работена повеќе од една година со вклучен граѓански сектор и граѓански организации. Програма разработена во секој сегмент, соодветно нудејќи решенија за секојдневните актуелни проблеми во Република Македонија, со една среднорочна визија за четиригодишен мандат на нова влада. Не само програма, веќе ги имаме изработено и флаерите заради водење кампања, но го чекаме моментот кога тоа ќе се случи.

Значи, вие сте спремни за избори?

Спремни сме за избори. Ние сме единствената партија којашто во декември донесе изборна програма на конгрес, подготвена со формиран штаб да влезе во изборни активности.

Дали ако ја освоите власта ќе бидете отворен и за оние критички настроени медиуми кон вас?

Гаранција на тоа е моето присуство кај Латас, моето присуство кај Богатинова, коишто, барем според нас, се перјаници на власта. Бевме таму, колку и тоа да изгледа незгодно,

Груевски: СДСМ повторно се фокусира како да направи некоја нечесна игра во правец на изборите

 

критички за нас или ризично. Политичарите мора да бидат транспарентни, не може да ги бираат медиумите, мора да бидат секој пат на повик на интересот на медиумот затоа што само на тој начин граѓаните ќе бидат во тек со сите актуелни состојби во државата.

Да се вратиме на програмата, во изминатите недели гледав неколку интервјуа со вас и не видов ништо за вашите економски проекти со кои ќе настапите на тие избори и со кои луѓе. Кој е вашиот тим, кои се луѓето од СДСМ кои би се соочиле со економските предизвици?

Околу 65 проценти од програмата е економија. Главна задача е работни места и тоа квалитетни. Просечната плата да биде над 500 евра. Парите да ги вратиме назад кон граѓаните. Како социјалдемократи и левичари веруваме дека ќе ни ја биде државата ако народот има пари. Тоа ќе обезбеди и нивно фиксирање овде, во Македонија, да ја спречиме миграцијата и дај боже да почнеме да ги враќаме младите кадри коишто заминаа. Како ќе го правиме тоа? Директно користејќи ги домашните ресурси. Некои прашуваат дали може, презадолжена е државата и слично. Од државата се крадат 400 милиони евра годишно. Само ова да остане во државата е силен потенцијал и за враќање на кредитите, но и за развојни димензии на нашето општество.

Сите проценки велат дека идната власт ќе треба да вади костени од оган. Дали вие ќе бидете премиер ако победите на избори?

Ако народот одлучи да му ја даде честа на СДСМ како прворангирана партија во Македонија, да, секако ќе ја зграпчам оваа чест да покажам резултат. Јас можеби сум прв политичар во врвот на големите политички партии, којшто доаѓа од практичниот, од деловниот сектор. Јас сум убеден дека Македонија може да биде земја за почит со којашто сите ќе се гордееме. Економските политики мора да дадат резултат којшто ќе го почувствуваат сите граѓани, сите семејства во Република Македонија.

Повеќе ТУКА

Слични содржини