Заев од Форумот за енергетика: Ја правиме првата енергетска транзиција во регионот

од Vladimir Zorba
264 прегледи

Премиерот Зоран Заев со воведно обраќање го отвори дводневниот „Македонски енергетски форум 2021: Мапирање на енергетската иднина”. Покрај премиерот, воведни обраќања на Форумот имаа и американската амбасадорка во земјава Кејт Мари Брнз, шефот на Делегација на Европската Унија во Скопје, Дејвид Гир и директорот на ЗИП Институт, Агим Селами.

На Форумот учествува и министерот за економија Крешник Бектеши, кој е говорник на панелот насловен „Придонесот на Западен Балкан кон Зелениот договор на Европската Унија”.

Предвидено е на Форумот да се одржат засебни панел-сесии на кои креаторите на политиките, лидерите на енергетските компании и експерти од оваа област од целиот свет ќе дискутираат за важноста на енергетиката, како и за предизвиците на одржливиот развој.

Форумот традиционално се одржува четврта година по ред во организација на ЗИП Институтот, Владата и Амбасадата на САД во земјата.

Слични содржини