Заев: Околу 200 илјади граѓани од дијаспората се попишани

од Берта Китинска
202 прегледи

Премиерот Зоран Заев вели дека некаде околу 200 илјади граѓани од дијаспората се попишани и дека познато е дијаспората е голема.

Тоа што останува на самоопределба за попишување на дијаспората и тука го гледаме делот на разликата на попишаните со вкупниот број на гласачи.Од вкупната бројка кога ги гледате ја сфаќате логиката зошто сме околу милиони и осумсто илјади гласачи, а еве милион и осумсто и читириест илјади колку што точно објави Државниот завод за статистика сме жители, кои што живеат овде во државата, вели премиерот Зоран Заев.

Тој вели дека заедно со дијаспората веројатно некаде околу два милиони и четириесет илјади се попишани.

– Од вкупната бројка кога ги гледате ја сфаќате логиката зошто сме околу милиони и осумсто илјади гласачи, а еве милион и осумсто и читириест илјади колку што точно објави Државниот завод за статистика сме жители, кои што живеат овде во државата. Заедно со дијаспората веројатно некаде околу два милиони и четириесет илјади се попишани. Но, тоа што останува на самоопределба за попишување е кај дијаспората и тука го гледаме делот на разликата на попишаните со вкупниот број на гласачи и е логично, изјави Заев.

Слични содржини