Заев: Останува надежта дека може до крајот на демекври да се донесе одлука за почеток на преговори

од Берта Китинска
407 прегледи

Бугарскиот претседател Румен Радев, изрази надеж дека политичките субјекти ќе успеат да формираат Влада, која е важна за носење одлуки, кажа денеска премиерот Зоран Заев.

-Мислам дека очекувањата да се формира политичка влада би можело да биде во прилог на брзото одблокирање на процесот на Северна Македонија за интеграција во ЕУ, рече Заев.

Заев потсети и дека на 14 ноември е најавен датум за одржување на третиот циклус парламентарни избори во Бугарија.

– Имајќи ги предвид нивните уставни рокови од 15 дена за добивање мандат, останува нашата надеж дека ќе формираат политичка влада за да можеме крајот на декември кога ќе се одржи и Советот на министри, а и Европскиот совет да се донесе одлуката за време на словенечкото претседателство, рече во тој контекст Заев.

Слични содржини