Заев-Пломп: Поддршка од Холандија за членство на Македонија во ЕУ и НАТО

од desk2
87 прегледи

Денеска, на средбата што ја оствариле претседателот на Владата, Зоран Заев, и амбасадорот на Кралството Холандија во Македонија, Ваутер Пломп, била изразена поддршка на политиките што водат кон евро-атлантските интеграции на земјава, соопшти владината прес-служба.

„Очекувам мнозинството граѓани да гласаат за евро-атлантска иднина на Македонија на претстојниот референдум“, истакнал премиерот.

На средбата, соопшти Владата, било констатирано дека е од голема важност секој граѓанин и политички субјект да ја има предвид и личната одговорност за историскиот момент што отвора економски и безбедносни перспективи за нашата држава и за граѓаните на Република Македонија.

Во разговорот, како што посочуваат, било изразено очекување дека Македонија ќе продолжи со реформските процеси, посебно во делот на правосудството, што ќе придонесе во евроинтеграцискиот процес. Холандскиот амбасадор во оваа насока најавил експертска помош од Холандија за Македонија. Исто така, било изразено и очекување дека Македонија многу бргу ќе стане 30. земја членка на НАТО.

Премиерот Зоран Заев на денешната средба му се заблагодарил на холандскиот амбасадор за принципиелната поддршка од Кралството Холандија за демократските процеси во Република Македонија вклучувајќи ја и поддршката на принципиелно ниво на актуелниот политички процес значаен за членството на Македонија во ЕУ и НАТО