Заев: По 3 денари плус на оризопроизводителите за арпата

од Берта Китинска
519 прегледи

Од ковид-програмата, која навремено е планирана уште во јуни, ќе им помогнеме на оризопроизводителите со дополнителни три денари по килограм оризова арпа, со што излегуваме во пресрет на барањата за надминување на пониските откупни цени поради пандемијата, рече премиерот Зоран Заев.

-Во подрачната единица за земјоделство во Кочани доставени се и 1020 картички за „зелена нафта”, а ги исплативме субвенциите за полјоделски култури од програмата за финансиска поддршка во земјоделството од околу 640,5 милиони денари, во кои влегуваат и субвенциите за оризот што ги добија над две илјади субјекти. Ја почнавме капиталната инвестиција за изградба на браната Речани што треба да заврши до крајот на 2024 година и ќе овозможи наводнување на 1500 хектари, стабилно водоснабдување и производство на електрична енергија од две хидроцентрали, истакна премиерот Заев.

Слични содржини