Заев побара Груевски дава: Спецобвинителот ќе има доволен број стручни соработници, финансиска и техничка логистика

од desk3
87 прегледи

Договорот од 2-ри јуни, како и протоколот од 15-ти јули мора целосно и дословно да се спроведат и да завршат со парламентарни избори на 24-ти април 2016 година, после кои никој нема да може да има алиби и да не ги признава изборите, е пораката што ја упати премиерот Никола Груевски во врска со актуелните внатреполитички случувања, денеска во обраќањето на Свечената академија по повод одбележувањето на Денот на независноста на Република Македонија.

грујо зајо

– Доста и е на Макеоднија од бојкоти и од политичари кои немаат доблест да излезат пред нивната партија и пред народот и да признаат пораз. Реформите кои ги договоривме мораме да ги завршиме на време и квалитетно. Државата со нив треба да се придвижи напред и да воведе повисоки стандарди во различни области, истакна премиерот.

Договорот за избор на специјален јавен обвинител, потенцира Груевски, треба да се реализира онака како што е договорен.

– Како е договорено и потпишано, така треба да се реализира, без додавање или одземање. Тој обвинител треба да биде автономен и да има доволен број стручни и технички соработници, истражители и целокупната потребна логистика од човечки ресурски, средства за покривање на трошоците и техничка логистика, во смисла, на канцеларии, возила, и слично. Тој не смее да биде на никаков начин попречуван во неговата работа, ниту пак под внатрешни или надворешни влијанија. Треба чесно да си ја изработи својата работа и да донесе непристрасни одлуки, рече Груевски.

Веќе подолг период лидерот на опозицијата јавно бараше, и посочи дека нема да отстапат од барањето, да се добие обвинител кој ќе има целосна автономија и техничка поддршка , што подразбира финасиска, техничка и кадровска независнист..

– Нашиот став останува дека специјалниот јавен обвинител е служба што подразбира негови заменици, стручни и технички служби за подршка, соодветна плата со што процесот може да продолжи. Тешкотијата во преговорите може да биде надмината, а нашиот став останува дека специјалниот обвинител мора да има целосна автономија. Сепак, во овие преговори ние сме само една од четирите страни, но сметаме дека многу скоро може да дојде до заеднички договор, изјави Заев пред 5 дена.

Еден човек, додаде, сам не би можел да се справи со обемниот материјал кој опфаќа 28 предмети како „Пуч“ и други против врвот на власта, туку му требаат заменици и други соработници со кои ќе одлучуваат за оваа проблематика согласно Уставот и законите. Нечесно е да се убедува јавноста дека еден човек е доволен за тоа, рече Заев.