Заев: Поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ нема да гласаат за Алијалнсата

од desk4
150 прегледи

Претседателот на СДСМ Зоран Заев не гледа опасност во најавеното коалицирање меѓу Алијанса за Албанците и ВМРО-ДПМНЕ. За ТВ Сител вели дека поддржувачите на владејачката колиција нема да гласаат за другата партија затоа што е тоа израз на нивните политики.

-Кој како сака нека влезе во коалиција, ние сме одговорни пред граѓаните и тие не оценуваат по одулите што ги носиме. Но политиките што се етноцентристички и се контра нашето мултиетничко опшптество и зборат за чиста Македонија е првата причина за која око не ми трепнува дали некој ќе влезе во некоја коалиција. Тврдам дека поддржувачите на Алијанса нема да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, ниту поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ нема да гласаат за Алијанса. Не затоа што мене тоа ми се допаѓа, туку тоа е израз на нивните политики кои се радикални, рече Заев.

Заев не планира да соработува со партијата на Димитар Апасиев, затоа што имала радикални политички ставови и се отворено против НАТО, Албанците и другите малцинства, стратешките партнери ЕУ и САД и против соседите.

– Тоа се квазиполитики кои се популистички и носат гласови ден за ден и не му требаат на нашиот народ. Сите овие радикални екстремни партии ги видовме и во соседни земји, во еден турнис добиваат поддршка и потоа ги нема. Изманипулираните граѓани поттикнати со лажен патритоизам и напаѓање на се и сешто, во првот момент заклучуваат дека се излажани, рече Заев