Заев: Подготвени сме да го одложиме пописот по мислењето на Пендаровски

Во рамки на денешната прес конференција, премиерот, Зоран Заев на новинарско прашање, одговори дека е подготвен по препораката на претседателот на С.Македонија, Стево Пендаровски да го одложи пописот.

„Го видов и предлогот на претседателот на државата Пендаровски да се одложи на некој месец пописот, ок – јас сум секогаш спремен, се е вредно за размислување. Летото знаеме дека попис не се спроведува, септември е кампања, октомври е изборен период за локални избори и да размислите за месец – два да завршиме некаде до средината на јуни веќе гледаме дека опозицијата тоа го одби. Затоа уште еднаш ќе ја испратам пораката да бидеме одговорни и да го спроведеме пописот“, истакна Заев.

Тој додава дека пописот е согласно сите стандарди на Евростат и сите меѓународни стандарди на попис.

Слични содржини