Премиерот Зоран Заев со вчерашната „подадена рака“ се чини му дава мотив на лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски да биде конструктивен, и го поттикна да се вклучи во процесите во интерес на граѓаните.
Политичкиот дијалог со опозицијата е демократски стандард за земја членка на НАТО и држава која се движи кон полноправно членство во ЕУ. Со лидерската средба, Заев покажа разлика во полза на прогресивните и демократски ориентираните сили во македонското општество и прифати да води дијалог со Мицкоски. Со ова, премиерот покажа дека одговорноста на партиите не е само кон своите гласачи, туку кон целата држава и целиот народ. Сега се обидува ова да го наметне во политичкото делување како државна политика.
Граѓаните имаат високи очекувања од власта, но може јасно да се забележи и кога опозицијата е причина за неспроведување на реформите или кога заради партиски цели, парите на граѓаните не стигаат кај нив. Сигналите од лидерските средби веројатно се доволно силни за да се надмине ваквата ситуација.
Дел од јавноста се надева дека ВМРО ДПМНЕ ќе сопре со деструктивната политика која ја практикува изминатите години кога е во опозиција. Конечно Мицкоски има шанса да го искористи понудениот компромис од Заев, да се постави над личните и партиските интереси и конечно да заврти нова страница.
По лидерската, Мицкоски треба да разбере дека спроти себе нема „крвен непријател“ туку само политички противник спремен на компромис, но тоа не значи дека и двајцата не може да имаат заеднички интерес и цел – напредок на државата.
А токму од напредокот на државата и подобриот живот на граѓаните, Заев тргна во оваа мисија. Испрати порака дека е подготвен на дијалог и соработка и дека е свесен за компромисите кои треба да се прават за доброто на народот.