Заев: Попис мора да направиме, одложувањето нема да смени ништо

од Берта Китинска
177 прегледи

Пописот е насушна потреба во интерес на сите граѓани на Република Северна Македонија, изјави премиерот Зоран Заев.

– Пописот е статистичка операција што мора да ја направиме.Пописот е од 1 до 21 април како што е предвиден и тој треба да се заврши. Иако се испрати апел дали треба нешто да се промени, уште еднаш повторувам – летото никаде не се прави попис, септември е кампања за избори, октомври се редовните локални избори. Ако одложуваме, кога? До мај да одложуваме? Што ќе смени тоа? Така што треба да се фокусираме сите одговорно да излеземе да го завршиме пописот, рече Заев.

Премиерот потенцира дека пописот е граѓанска обврска на сите што е јасно утврдено по закон.

Слични содржини