Премиерот Зоран Заев вели дека не стравува оти ќе го загуби мнозинството во парламентот, туку очекува тоа да расте бидејќи смета дека води исправни и европски политики, има искрени намери и работењето е транспарентно.
-Еве, бевме на избори, прифативме, ја утврдивме евроатлантската агенда, и завршија изборите, и ВМРО-ДПМНЕ изгуби. И сега повторно да одиме на предвремени? Зошто? Затоа што така Мицкоски мисли? Не, нема причини зошто да одиме. Ако треба по стоти пат да повторуваме за тоа, ќе повторуваме. Парламентарно мнозинство за одлука за предвремени парламентарни избори нема, ако го има, бујрум, господинот Мицкоски нека го покаже и нека ја донесат комплетно одлуката. Така да престане да закажува заради свои внатрепартиски потреби одредени нереални агенди затоа што тоа е неодговорно и влијае врз економијата“,изјави Заев.
Откако премиерот уште еднаш повтори дека ќе нема вонредни парламентарни избори заедно со локалните, од опозициската партија му возвратија дека тој се плаши од избори, затоа што знае дека ќе претрпи пораз.
Заев ќе падне на предвремени избори и Тројанците во опозицијата нема да му помогнат во задржувањето на премиерското столче, реагираа од ВМРО-ДПМНЕ по денешната изјава на премиерот.