Заев: Правото на самоопределување не треба да е тема на разговор во дипломатијата

234 прегледи

Државниот министер за Европа во Министерството за надворешни работи на Германија, Михаела Рот, денес во Берлин оствари средба со државниот врв на земјава, односно премиерот Зоран Заев и
министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

Од владината служба информираа дека Заев истакнал благодарност за ангажманот на Германија во целост, врзан за евроинтеграциите на Северна Македонија и Западен Балкан.

Премиерот Заев посочил и дека очекува првата меѓувладина конференција со ЕУ да се оддржи до крајот на оваа година.

На церемонијата пак, каде Заев ја прими наградата за човекови права на фондацијата „Фридрих Еберт“, истакна дека самоопределувањето не треба да биде предмет на дискусија во дипломатијата.

„Правото на самооопределување не може да биде предмет на разговори во дипломатијата. Тоа се коси со меѓународното јавно право“, истакна Заев.

Неговата агенда продолжува и со работната вечера, која тој ќе ја оствари со парлементарците во германскиот Бундестаг.

Слични содржини