Заев: Преку Буџетот за 2022 се обезбедува навремена исплата на плати, пензии и субвенции

од Берта Китинска
244 прегледи

Во Предлог-буџетот за 2022 година финансиски се пресликани приоритетите на кои Владата посветено ќе работи во текот на следната година, објави премиерот Зоран Заев на неговиот фејсбук профил.

-Преку Буџетот се обезбедуваат навремена исплата на плати, пензии, социјални надоместоци, субвенции, како и реализација на капиталните инвестиции, коишто за 2022 година се планирани на историски највисоко ниво од 37,8 милијарди денари и се повисоки од буџетскиот дефицит.

Основни цели на Буџетот за 2022 година се:

  • Економско заздравување и забрзан раст;
  • Фискална одржливост;
  • Зачувување на здравјето и животите на граѓаните;

Поддршка на институционалните реформи и европските интеграции.Одлика на овој Буџет е дека парите на граѓаните ќе се искористат таму каде што даваат најголеми ефекти во остварување на целите за повисок квалитет на животот. Затоа значајно е Буџетот за 2022 година да се донесе во законски предвидениот рок, со цел непречено финансирање на функциите на државата, пишува Заев.

Слични содржини