Во договорот што го потпишаа четворицата политички лидери, јасно е дефиниран транзицискиот период кој треба да финишира со предвремени парламентарни избори во април 2016, изјави за Телма претседателот на СДСМ Зоран Заев.
Во тоа што го ставивме на хартија, дефинирано е дека на 10 јуни партиите преземаат обврска да договорат организација на Влада која ќе подготви и спроведе избори, како и други квалитетни работи. Но, јас не можам да бидам среќен со тоа што е постигнато, иако имам големи причини за тоа, бидејќи ова е договор: земи се или остави се. Ако нема договор за преодна Влада, не важи ниту договорот за избор ниту за другите корективи, како што се поглавјата 23 и 24, рече Заев.
Повеќе ТУКА
