Заев: Претседателот и министерот за надворешни работи бираат амбасадори за испразнетите места

од Vladimir Zorba
321 прегледи

Владата предизборно ќе ги пополнува амбасадорските места во битни земји, потврди премиерот Зоран Заев на пратеничко прашање од Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ дали се бираат амбасадори во САД, НАТО, Израел и Бугарија.

„Дали Владата планира во овој период лицата Теута Арифи, Дане Талевски, Мишко Токмановиќ и Сашко Насев за амбасадори во САД, НАТО, Израел и Бугарија. Ова прашање доаѓа зошто Никола Димитров ги спомена како принципи, зошто пред избори не треба да се упатуваат амбасадори во битни земји. Дали уште важат овие принципи и дали владата има намера во овие 60 дена да покрене постапка за овие луѓе да бидат амбасадори“, праша Милошоски. 

Според премиерот Заев, Претседателот Стево Пендаровски и министерот за надворешни работи, Никола Димитров се уште ги разгледуваат имињата за амбасадори и потврди дека две од четирите имиња кои ги спомена Милошоски се во игра за амбасадори.

„Во постапка сме за избор на амбасадори за непополнетите места. Постапката се води заедно со Претседателот на државата. Очекувам по договорот, министерот да разговара со мене. Верувам во нив. Од овие четири имиња, две воопшто не се дискутирани, но можеби Претседателот или министерот нема да одлучат за нив. Сакам државата да ги има пополнето овие места. За двајца од нив се разговара, за двајца воопшто. Постапката е во финална фаза, час поскоро треба да бидат пополнети местата“, додаде премиерот Заев.

Слични содржини