Јас за жал, можам слободно да кажам, продуктивноста на администрацијата е катастрофална. Значи не лоша, туку катастрофална.

Во интервјуто за МИА премиерот Зоран Заев одговара на прашањето како до реформи кога има партизирана администрација , етнички клуч или сега како се нарекува правична застапеност кога немаат соодветни квалификации.. Како да се избегне познатото “клати врати -земај плата“?
Допревте многу важно прашање, што, исто така, е и моја преокупација.
Јас за жал, можам слободно да кажам, продуктивноста на администрацијата е катастрофална. Значи не лоша, туку катастрофална.
И точна е фразата, „клати врата – земај плата“, но јас би додал и „хихихи – хохохо, кафето да го испиеме, весникот да го прочитаме, порталите да ги искоментираме…”, и толку е. А некој чека надвор. А од тоа негово чекање зависи дали тој административец ќе земе плата.
Посветуваме внимание, и овде сме и психолози и педагози. Јас сум најверојатно првиот политичар кој рече нема покачување на плата на јавната администрација, додека не видам ефикасност и ефективност. И во суштина тоа и го мислам.
Значи кога доаѓаме на работа, тие 8 часа мора да ги сработиме. Затоа што токму на нас, на јавната администрација, некој ни дал шанса баш ние да бидеме тие. Сакаат и многу други луѓе да бидат на нашето место, па дај чесно да си ја изработиме работата. Во вакви околности, ако ја дигнеме продуктивноста на јавната администрација, Македонија, ќе направи еден сериозен прескок. Оттука само ќе им се заблагодариме на сите што нема да си ја работат својата работа. Тое е еден коректив.
Другиот коректив се конкурсите и критериуми и во делот на вработувањето. Знаете дека ние во 180 институции не ги разрешивме директорите во еден ден. Оставивме многу важни институции да го истераат мандатот до крајот, па после, на конкурс да си дојдат професионални луѓе, и ќе продолжиме така понатаму.
Иако не е лесно да се биде во политичка коалиција, мнозинство, да формираш Влада, а да ги имаш и политичките аспекти. Буквално се обидуваме…
Па нели е тоа блокадата? Кога велите дека има луѓе што се некомпетентни, кои што се внатре и ги обременуваат промените, не можете да ги искористите за ништо…
Работиме, секој да биде искористен. Тој што не може да биде искористен, ќе му се заблагодариме или сам ќе си замине на некое место каде што го ќе го бива.
Во моментот со средно образование во јавна администрација се зема плата од 14.500 денари. Во приватниот сектор во Република Македонија со средно се земаат плати од 18 до 24 илјади денари поради недостигот на работна сила. Премините кон бизнис секторот се реални, за тоа овозможуваме и преквалификации и тоа, само по себе, ќе направи одредено олабавување во администрацијата.
ЗАЕВ ВО ИНТЕРВЈУ ЗА МИА: ЗНАЕМЕ КОМУ ЌЕ СЕ ЗАБЛАГОДАРИМЕ ВО ВЛАДАТА
Јас јавно ветив дека нема да има отпуштања во јавната администрација од политички причини или реваншизам. И нема. Но, никогаш не ветив дека ако некој не си ја гледа работата, нема да биде отпуштен од работа. Секој што не си ја гледа работата, треба да очекува дека ќе дојде денот кога по закон ќе бидеме должни да му се заблагодариме, фала-пријатно и готово.
целото интервју тука
ЗАЕВ: СИГУРНИ СМЕ, ЧЕКОРИМЕ ВО ДОБРА НАСОКА
ЗАЕВ: КОГА ЌЕ СЛУШНЕТЕ НАЈАВАТА ЗА СРЕДБА СО ЦИПРАС, ЗНАЈТЕ ТУКА СМЕ СО ДОСТОИНСТВЕНО РЕШЕНИЕ