Заев: С.Македонија е на второто место во Индексот за интегритет во секторот одбрана

236 прегледи

Премиерот на земјава, Зоран Заев на својот фејсбук профил објави статистика, според која С.Македонија се наоѓа на второто место во рангирањето направено за Индексот за интегритет во секторот одбрана.

„Денес добивме одлични вести од рангирањето на Transparency International, кои во обемната студија спроведена во земјите од централна и источна Европа (ЦИЕ) го скенираа интегритетот на владите во секторот одбрана.

Ние сме на високото второ место и се наоѓаме пред 4 земји членки на ЕУ и 6 земји членки на НАТО.

Им честитам на министерката Радмила Шекеринска и на сите вработени во Министерство за одбрана за овој голем успех.

Борбата за транспарентност и борбата со корупцијата не запираат, продолжуваме напред уште подобро и уште похрабро“, се вели во фејсбук статусот на премиерот Заев.