Заев: СДСМ почнува со анкети, па потоа ќе следи селекција на кандидатите за локалните избори

311 прегледи

Пред да направи партијата селекција, од СДСМ во потрагата по вистински кандидати за градоначалници ќе тргнат со анкети и мислења од граѓаните.

Непосредно пред почетокот на кампањата и официјализирање на имињата на кадидатите, СДСМ ќе го спроведува овој процес.

За состаноците на генералниот секретар на СДСМ и потпретседателот на Владата Љупчо Николовски во партијата со градоначалниците, посочи Заев, се во насока на комплетно ревидирање, отчететност и позитивен притисок за реализација на ветените проекти, но и како дел од политиките на Владата.

„Со нас се овде двајца успешни градоначалници коишто знаат макар и еден проект повеќе е добробит за народот. Разговорите течат токму во овој правец, но секако ги користиме сите можности да анимираме општините да ги следат владините политики пред се, алатките за транспарентност, за отчетност, борба против криминалот и корупцијата, сето тоа што претставува инклузивен процес на достапност до граѓаните за решавање на нивните проблеми, разговорите се движат во овој правец“, истакна Заев и додаде:

„Јас соопштив мислење за 10 градоначалници, пред две, три недели, којшто го кажав како мој став во моментот кога ме прашаа новинарите за ова прашање. Има многу успешни градоначалници во државата“.

Меѓудругото, премиер посочи дека тој е само еден од огромното мнозинство коешто прави избор во СДСМ.

Слични содржини