(ВИДЕО) Заев: СДСМ се приклучува на протестот пред Уставен суд

од desk3
81 прегледи

 Социјалдемократскиот сојуз на Македонија се приклучува на протестот што го најавија за утре граѓански организации пред Уставниот суд на Република Македонија, како реакција на иницијативата за измени на Законот за помилување, информира претседателот на СДСМ Зоран Заев во обраќање во партиското седиште.

Zaev

Според Заев, „одлуките на партиските инсталации во Уставниот суд се обид да се амнестира изборен криминал и измама“.

Повикувајќи за учество на протестот, посочи дека со тоа ќе се застане во одбрана на Уставот и уставниот поредок.

Матичната евиденција основа за бришење на фантомски гласачи- Трајанов бара извештај од ДИК!

– Намерата да се амнестира огромен изборен криминал ги загрозува темелите на правниот и уставниот поредок врз коишто почива државноста на Република Македонија. Основен принцип на демократијата е владеењето на правото, рече Заев.

Утре, како што најави, ќе се одржи протестен марш кој ќе почне од пред Владата, ќе продолжи пред Собранието и пред Уставниот суд./MIA