Премиерот Зоран Заев на денешната прес конференција за ребалансот на Буџетот рече дека нема предвидено пари за исплата на неисплатените плати на поранешните вработени во компанијата во доминантна државна сопственост, ОХИС, бидејќи компанијата е во стечај кој го води правосудната власт.

-Таму станува збор за стечајна постапка која си ја води Судот. Владата не планира да се меша во работата на правосудната власт, стечајни управници и слично. Не сакаме да им наложуваме на судии како да работат, рече Заев.
Тој додаде дека тие како Влада апелираат да се реши овој проблем. Инаку, на поранешните вработени во ОХИС не им се исплатени 24 плати. Кога компанијата влезе во стечај, беше во доминантна државна сопственост.//фокус