Заев: Се променија времињата… некогаш не носеа со лисици на рацете за да не видат и нашите деца

од Vladimir Zorba
79 прегледи

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев преку својата Фејсбук страница го искоментира денешното давање исказ на екс-премиерот Никола Груевски во Основниот суд Скопје 1. Неговиот фб статус ви го пренесуваме во продолжение:

zaev22

Се променија времињата…

Денеска гледаме дека слободно се оди во судот, се дава исказ и се заминува. Се почитува презумцијата на невиност. Останува надежта за чесна и правична судска постапка.

Некогаш не беше така…

Сите што не сме од власта ја немавме привилегијата слободно да одиме во судот, да дадеме исказ и да си заминеме. Не носеа со лисици на рацете за да не видат сите, да не видат и нашите деца. Голем дел од нас бевме и во притвори. Целта беше да бидеме однапред осудени. Илјадници сме такви во државата…

Продолжуваме да се бориме уште посилно мотивирани затоа што гледаме дека успеваме. Се бориме за правда истовремено враќајки ја правната држава. Вреди да се избориме до крај и да се избориме за сите во Македонија.

Законот мора еднакво да важи за сите!

Законот мора да важи за власта, да важи за опозицијата, да важи за сите граѓани подеднакво !

Неправедно никој повеќе не треба да биде осуден !

Секој што го прекршил законот мора да одговара!

Борбата за правда, слобода и демократија продолжува !

Слични содржини