Заев и израелскиот Претседател не разговарале за аферата со опремата за присулушување, тоа останува за разговорите со владините претставници…

од desk3
118 прегледи

Заврши средбата на првиот опозиционер Заев со Претседателот на Израел Реувен Ривли. Разговарале за билатералните односи, за бегалската криза, но и за економските релации меѓу земјите. Како што информираше самиот Заев, аферата со набавката на израелска опрема не била спомената , но не ја исклучува можноста за тоа да се разговара на утрешните средби со владините претставници.

12105893_682679918536062_6582473123258965945_n

“Средбата со израелскиот претседател, но и оние утре, со заменик премиерот и со министерот за економија се најдобар демант на тврдењата на власта дека односите со Израел се загрозени од дел од политичките бомби што ги објави СДСМ”- изјави Заев.

1620728_682679945202726_8922357895730262145_n

Заев истакна дека Ривлин во разговорите до него рекол дека обврска на македонските политичари е да се грижат за безбедноста на граѓаните.

Ве постсетуваме на бомбата во која се слушаат разговорите околу набавката на опремата за прислушување од Израел.