Заев се сретна со родители на деца со попречености

од Vladimir Zorba
80 прегледи

 

Лидерот на СДСМ Зоран Заев денеска се сретна со родители членови на Ресурсниот центар за помош и поддршка на родители на деца со пречки во развој и на здружението „Вера“ за помош и поддршка на лица со Даунов синдром.12063669_10209024400156150_7924633261701032916_n

Како што соопшти СДСМ, на средбата Заев ги соопштил определбите на Социјалдемократскиот сојуз за општествени промени кои, како што навел, ќе придонесат кон целосно интегрирање на децата со аутизам и други попречености во секојдневните текови на живеењето и се осврнал на мерките во партиската програма за овие лица.

Родителите на деца со попречености ги посочиле бројните тешкотии со кои се соочуваат во функционирањето, особено недостигот на дефектолози во училиштата.

– За овие деца е многу важно да бидат социјално активни, поради што родителите често се откажуваат од работа за да ги придружуваат, со што им се нарушува и егзистенцијата. Посебен проблем е недостигот на општествена свест за нивен рамноправен третман од страна на мнозинството граѓани и институциите, рекле родителите, стои во соопштението.