Заев се заблагодари за аплаузите на граѓаните на Мунстер

од desk4
210 прегледи

Премиерот Зоран Заев по повод добивањето на Меѓунлародната награда за мир на Вестфалија,   на граѓаните  на Мунстер им се заблагодари за топлиот дочек. 

Согласно традицијата при доделувањето на Меѓународната награда за мир на Вестфалија, градоначалник на Мунстер, Маркус Леве пред своите сограѓани ги претстави годинашните добитници на наградата.

Им благодарам на граѓаните на Мунстер за топлиот дочек и за аплаузите.
Европа добро ги препознава балканските иницијативи кои на светот му носат пријателство и мир“, напиша Заев на својот фб.