Премиерот, Зоран Заев во рамки на одбележувањето на Меѓународниот ден на енергетска ефикасност, се осврна повторно на вакцините и нивното пристигнување во земјава.
„Секој ден очекуваме кога, и имам информација кога ќе стигнат вакцините, но како да кажам ако не стигнат. Во недела очекуваме 3.000 вакцини да стигнат преку DHL. Министерството вчера потврди дека ќе стигнат конечно и фајзеровите вакцини, а стигна информација дека ќе пристигнат и оние преку Ковакс механизмот, некаде кој крајот на првиот квартал. Се уште се очекуваат и кинеските за кои плативме аванс, па го повлековме“, истакна Заев.