306
На одбележувањето на Светскиот ден на заштита на животната средина, градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, премиерот Зоран Заев и и директорката на УЈП, Сања Лукаревска присуствуваа на акцијата на Град Скопје за расчистување на поранешниот полигон за обука на возачи под Кале.
По акцијата во која беа засадени цвеќиња и дрвца, Заев, Лукаревска и Шилегов седнаа на заедничко кафе на плоштад Македонија
-Долгата работна недела ја завршивме со кафе со градското и партиското раководство на Плоштад Македонија, напиша Шилегов на својот Фејсбук профли.