Заев: Што се однесува до личните карти и пасошите, тој е еден закон кој важи за сите!

220 прегледи

Денес премиерот Зоран Заев одговори на новинарско прашање, врзано за законските измени за пасошите и личните карти.

Имено, измените се усогласени со Уставот, каде е впишано уставното име на државата. Како што посочи Заев, јасен е делот на етничката припадност и употребата на јазиците, па оттаму, дали граѓанинот ќе побара да има пасош или лична карта на својот јазик, тоа е закон кој важи исто за сите.

„Штом е граѓанинот од албанска етничка заедница, турска, влашка итн… ако побара секако на својот јазик, ќе го добие патниот документ на својот јазик. Тоа се измените“, потенцираше Заев на денешната прес-конференција и го придодаде одговорот врзан за почитичкиот став по однос на ова прашање:

„Дефинитивно МВР прави проекции колку тоа ќе ја чини државата, кои се постапките и процедурите за да можеме да навлеземе во поддршка на законски решенија, каде што на граѓаните од помалку бројните етнички заедници, во конкретниот случај од албанската етничка заедница, ќе може да им биде впишана и етничката припадност. Тука имаме договор заради тоа што македонската е впишана и дефинитивно немаме никакви дилеми во тој дел“, заклучи Заев.

Премиерот во таа насока, додаде дека тие се изјасниле, ги консултирале партнерите, ЕУ и сите засегнати страни и тоа е апсолутно, како што рече, во духот на слободата на определување, ние сме мултиетничка земја.

„Правиме разграничување на државјанството со етничката припадност. Државјанството останува онака како што е утврдено и по законите и по договорот од Преспа, тоа е македонско кроз граѓани на Републиак Северна Македонија“, посочи премиерот.

Слични содржини