Заев си поднесе оставка од функцијата

од Берта Китинска
280 прегледи

Зоран Заев денеска во Собранието официјално поднесе оставка од својата функција како претседател на Владата на Македонија.

На утрешната седница собранискиот спикер, Талат Џафери ќе ја констатира оставката и ќе ја откаже седницата за пратенички прашања, бидејќи со премиерската оставка, во оставка е и Владата.

Според Уставот и собранискиот деловник, Претседателот на државата е должен во рок од 10 дена да го довери мандатот, на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието, во конкретниот случај најверојатно тоа ќе биде лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски.

Слични содржини